Вести Економија Македонија

„Алкалоид“ регистрира ново друштво во Романија каде ја зголеми продажбата за 140%

По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата.

Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот „Алкалоид“ и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија.

Имајќи предвид дека повеќе од 65 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија.

„Алкалоид“ е присутен во Романија преку палетата на фармацевтски производи, како и преку програмата за хемодијализа, која вклучува неколку групи производи. Реализираните продажби за 2021 година на пазарот во Романија изнесуваа 212,5 милиони денари (околу 3,45 милиони евра), а во првата половина од 2022 година компанијата забележа раст од 140 % на овој пазар, споредено со истиот период од минатата година.

Со ваквиот потег „Алкалоид“ продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба – развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе