Вести Економија Македонија Најважни

25 отсто повеќе струја од капацитетите на ЕСМ е клучот во планот на Кoвачевски за справување со енергетската криза

300 милиони евра ќе чинат пакет мерките кои што Владата ги предвидува за да се справи со енергетската криза која претстои во следните шест месеци. Набавка на јаглен, мазут, дизел и гас се приоритет за да се постигне максималниот капацитет на домашно производство и непречено снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Ова е сижето од брифингот на премиерот Димитар Ковачевски пред претседателот Стево Пендаровски и членовите на Советот за безбедност во „Вила Водно“.

25 отсто поголемо производство на струја е таргетот кон кој цели Владата а би се постигнал со рестартирање на третиот блок во РЕК Битола и вториот котел во ТЕЦ Неготино и комплетна 24 часовна поддршка од ТЕ-ТО.

Меѓутоа договор со ТЕ-ТО сеуште нема а не е познато ниту колку мазут и јаглен е договорено да се набави  и секако лигистичката поддршка како воопшто би можело да се достави до Македонија.

Ковачевски е дециден. Рестрикции нема да има и затоа е овој план. Меѓутоа многу услови ќе влијаат на неговото остварување а дел се и цените на енергенсите на светските берзи кои се менуваат од час во час.

Она што е јасно е дека струјата која евентуално ќе се набавува од Бугарија, околу пет гигавати  дневно, ќе биде наменета за индустријата како што беа барањата на бизнис заедницата о стопанските комори. Сепак за цената по која ќе се купува допрва почнуваат преговорите за да се идејствува пониска од онаа на слободниот пазар.

Премиерот Ковачевски, кој кажа дека не чека ужасен период, е уверен дека во наредните шест месеци ќе има непречено снабдување со струја за домаќинствата, фирмите и индустријата, работните места ќе се зачуваат и економијата ќе опстои а субвенциите ќе го ублажат ударот врз буџетите на граѓаните и побара сите да се обидат да штедат електрична енергија што е можно повеќе.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе