Вести Економија Македонија

Од КСС ја повикаа владата веднаш да најде начин да им помогне ја јавните комунални прептијатија

Или субвенции  за струја, или ќе поскапат  сметките за комунални услуги. Од КСС ја повикаа владата веднаш да најде начин да им помогне ја јавните комунални прептијатија да се справата со високите трошоци за електирчна енергија.  Ако тоа не се случи  ќе бидат приунудени да ги поскапат услугите, а се стравува и дека дел од вработени  ќе ги загубат работните места.

Драстично ќе се зголемат фактурите за комунални услуги, а дел од  вработниците  може да останат и без работа,  ако државата не најде начин да ги помогне јавните комунални притпријатија  да ги покријат високите трошоци за струја,  предупредуваат од КСС.  Ја повикаа Владата веднаш да реагира во спротивно ќе бидат принудени да ги поскапат услугите, а граѓаните ќе се соочат со нов ценовен шок.

  • Ако властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата во големите индустриски капацитети и, пред се, во јавните комунални претрпијатија како даватели на услуги на граѓаните, ќе се соочиме со зголемување на цените за комуналните услуги, но и со губење на работни места. Доведен ќе биде во прашање опстанокот на работникот во тешката зима што претстои, рече денеска на прес-конференција претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Од синдикатото предлагаат  јавниот сектор  да работи два часа помалку , од 9 до 15 за да  има поголеми заштеди на струја.

  • При почетокот на грејната сезона да работи од 9 до 15 и таа енергија што ќе се заштеди да се даде како помош на бзинсиот и на јавниет комунални прептијатија. Може да направиме една рационализација, рече Ралповски.

Стопанствениците се уште  чекаат  владата да најде начин да им помогне   за  минимално да го ублажат ударот од високите цени на струјата, во спротивно многу од нив ќе затворат  и ќе поделат откази. Инаку, од први септемрви  почнаа да важат  владините  препораките за штедење  електрична енергија, со кои се очекува  потрошувачката  да се намали за 15 отсто. За експертската  јавност овој процент  е незнечителен. Сметаат  дека треба да изнесува над 30 отсто,  за да  се каже дека вистински се штедело на струја.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе