Вести Економија Македонија Најважни

Новите сметки за струја ја акцентираа повисоката цена за диструбиција од 22 проценти

Мрежарината за струјата  е повисока од производството затоа што дистрибуцијата на електричната енергија поскапела за 22 проценти од 1 јули.

Тоа се виде во летните сметки во кои цената на електричната енергија беше презентирана на нов начин, колку од вкупната сума оди за производство на струја односно кај ЕСМ а колку за пренос и дистрибуција за Мепсо и ЕВН.

Надоместот за потрошената ефтина струја е помало сега отколку пред поскапувањето, односно сега за киловат час ефтина струја плаќаме помалку како директна цена за киловатот отколку што сме плаќале порано.

Сепак вкупната цена на ефтината тарифа е поголема затоа што има поголема мрежарина односно има над 22 проценти зголемување на делот за дистрибуција кој што го прибира ЕВН.

Истото може да се каже и за првата по ново тарифа на висока струја, надомест за потрошената струја сега по поскапувањето е помал и поефтин отколку претходно што беше во единствената висока тарифа.

Објаснето преку бројки, претходно цената на киловат струја по ниска тарифа беше 3.67 денари за киловат/час.

Од таа сума пренос и дистрибуција беше 2.8233, а надомест за потрошена струја бил 0.8467 ден за киловат час.

Сега, по поскапувањето, ефтината струја чини 0.6193 ден/kWh, а кога ќе се додаде сегашната мрежарина (пренос и дистрибуција 3.3742 денари за киловат час), вкупната цена доаѓа до 3.9935 денари за киловат час во ниската тарифа. И сето тоа поради зголемувањето во дистрибуцијата, бидејќи трошоците за пренос на МЕПСО се минимално намалени, речиси исти. Односно за киловат час ефтина тарифа (3.9935 денари) за дистрибуција се плаќа 75 % (3.0334 денари)

Токму она што ги збуни и налути е тоа дека плакаат повеке за преносната и дистрибутивната мрежа отколку за производствот на електрилчна енергоија. Надлежните и експертите објаснуваат ново поскапување на струјата нема ниту скриени трошоци.

Зошто давачките за мрежаринатта се повисоки од надоместот за нејзино производствоза според професорот проф Константин Димитров има две причини. Едната е тоа што прозивоството се субвеницонира од државата па цената што ја плаќаат граѓаните е пониска.Другата е што се плаќаат и загубите низ кои се протнуваат и кражбите за струја

Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски вчера рече дека  кражбите на електрична енергија не ги признаваат како загуби  и тие одат на грбот на операторот на дистрибутивниот систем, РКЕ признава 12,4 проценти  загуби рече Бислимовски.

Досега на сметките за струја граѓаните за киловат час ја добиваа крајната цена и во неа беше пресметана и мрежарината

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе