Асоцијацијата на професионални тенисери не се согласува со одлуката на организаторите на третиот Гренд слем во сезоната да се забрани настап на играчите од Русија и Белорусија.
“Нашиот спорт се гордее со тоа што функционира на принципот на заслуга и чесност, каде играчите се натпреваруваат како поединци и своето учество го заслужуваат според резултатите на турнирите и пласманот на ранг листата. Сметаме дека оваа еднострана одлука на Вимблдон и Тениската асоцијација на Велика Британија да им забрани настап на тенисерите од Русија и Белорусија не чесна и дека ќе претставува преседан за во иднина. Дискриминацијата на национална основа претставува кршење на нашиот договор со Вимблдон според кој изборот на играчи е според пласманот на ранг листата. Во текот на следните недели ќе ги објавиме нашите следни потези”, се вели во соопштението на АТП.
Воедно Асоцијацијата објави дека на останатите турнири тенисерите од Русија и Белорусија може да настапуваат на турнирите, но без националните обележја.
