Вести Економија Македонија Топ вести

УПОЗ со двочасовен прекин на работата

Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.800 денари. Во овој период граѓаните нема да можат да добијат услуги во министерствата, агенциите, фондовите, управите и судовите.

Од Синдикатот велат дека во 95 проценти од институциите не се исплаќа минимална плата, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат минималната плата, а дел што веќе ја исплатиле направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж.

Досега не добиле покана од Владата за преговори, а притисокот од членството е голем и се бара прекинот на работата да продолжи. Поддршка вчера добија од Сојузот на синдикати на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе