Вести Економија Топ вести

КСС: Се размислува за нови протести или штрајк – законот  е манипулација, вработените ќе добијат по само 100 до 200 денари зголемување на платите

Разочарани, изманипулирани и потценети од односот на надлежните – така се се чувствувале вработените во јавниот сектор откако ја примиле мартовската плата по старо- неусогласена со новиот минималец од 18.000 денари. Револтот расте, вработените во полиција, градежништво, транспорт,енергетика бараат радикализација- предупредуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати кои минатата неделе протестираа.. Велат се размислува за организирање на нови протести или штрајк. Законот за административни службеници кој по скратена постапка е доставен до законодавниот дом за нив е манипулација –  бидејќи вработените ќе добиеле  по само 100 до 200 денари повисоки плати.

Вчера дознавме дека законот за административни службеници, онаков каков што сакаат да го донесат на еден понижувачки начин е поднесен по скратена постапка во Собранието. Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари покачување на платите на вработените во јавниот сектор и со тоа продолжува манипулацијата, вели Ралповски.

Велат решението е едноставно и го има  во старото законско решение. Треба само надлежните да донесат додлука да се зголеми бодот, за вработените да добијат повисоки плати усогласени со растот на минималната.

Членството е премногу револтирано, а манипулацијата продолжува. Доказ за тоа се исплатените плати во делот од јавниот сектор како што мартовската плата се исплаќа по старо. Значи луѓето земаат повторно под минимална плата.Повторно ги земаат оние мизерни плати социјална помош. И зато членството на овие грански синдикати, по анкетите што ги правевме и кои уште траат се крајно разочарани и бараат радикализација. Или штрајк или протест не знаеме што ќе биде, вели Ралповски.

Од КСС ги поддржуваат највените протести и штрајкови на другите синдикати, но бараат обединување на синдикатите за да излезат сите заедно контра како што велат игнорантскит однос на надлежните  – за нивните барања за усогласување на платите со растот на минималецот. Дека врие во јавната администрација доказ се најавените протести и штрајкови. За утре и задутре синдикатот на УПОЗ најави двочасовен предупредувачки протест со прекин на работатата во судовиите, државните управи и агенции. За понеделник е најавен генерален штрајк на СОНК-во градинките и училиштата. А штрајк за 14 април најави и синадикатот на Пошти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе