Вработените во пошта најавуваат генерален штрајк на 14 април.
Причината за оваа одлука е неизвесната иднина на над 2200 вработени и иднината на компанијата, како и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари.
Вработените тврдат дека платите не им се зголемени повеќе од 30 години. Бараат итно линеарно зголемување на платите, гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
