Сто седумдесет милиони евра потрошени од Буџетот досегашно за справување со енергетската криза и кредит за ЕСМ да може да работи до крајот на годината.
Ова е финансискиот пресек на досегашниот тек на енергетската криза. Сепак министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, со заедничка оценка – Владата и компанијата успешно се справиле со енергетската и топлинската криза која според оценките на многумина е далеку од завршена.
Откако буџестските средства се исрцпија, ЕСМ собра позајмици и донации од други јавни претпријатија но остана дупка од околу 100 милиони потребни за непречено работење на ЕСМ, Владата ќе ги обезбеди тие од ЕБОР.
Ковачевски пак соопшти дека од денеска нема повеќе да се купува струја од ТЕТО и ЕСМ ќе се потпре на своите сите капацитети кои ќе работат под полн гас до крајот на годинава но сепак тоа нема да биде доволно и ќе мора да се купува струја од слободниот пазар.
Според Ковачевски, ликвидноста на компанијата не е доведена во прашање иако како позјамица од државните компании се земени 3,7 милиони евра а тука е и долгот на ЕВН од 37 милинои евра за кој Владата даде грејс период до јуни.
Надлежните задоволни, но останува фактот дека еден блок во РЕК Битола ќе биде во аут до октомври по хаварија во ноември минатата година, а државата потроши речиси триесет и пет милиони евра за набавка на струја и заглен за да спречи рестиркции за населението.
Нема одговори или одговорност зошто немаше ископано доволни количини на јаглен поради што ТЕЦ Осломеј во екот на кризата не работеше.
За справување со кризата Владата на наменската сметка на ЕСМ префрли 171 милион евра. Најголем дел од парите, речиси 72 милиони евра, завршија во ТЕТО од кого се купуваше струја по цена од 170 а потоа 190 евра за мегават како и гас за БЕГ а 34 милиони евра чинеа 127 гигавти струја купени на слободниот пазар за да се покрие недостатокот.
Рестартирањето на ТЕЦ Неготино не чинеше 31 милион евра кои беа потрошени за набавка на мазут.
Огнен Чанчаревиќ
