Вести Македонија

Податоците од пописот отвараат многу теми за разгледување во иднина

Резултатите од пописот отвараат повеќе теми кои на долг рок се многу значајни, оценија експертите во Топ Тема на Телма.

Високата просечна старост на населението, големата разлика помеѓу бројот на станови и домаќинства, но и исклучително високиот број на административно попишаните, дури 7,2 проценти или нешто повеќе од 132.000 граѓани.

Сите гости во студиото на Топ Тема се согласни дека треба да се пронајде начин како да се обезбедат комплетните податоци и на оваа категорија. За сега очекуваат тој процент, математички да биде изваден од вкупниот број на резидентно насление, но предупредуваат дека тоа се само привремено решение.

Тоа не ја дава реалната слика на терен, и секогаш ќе има дисторзија и најверојатно така ќе се направи се додека не се исправи грешката. Тие ќе се исклучат од процентите, ќе се направи нова проценка, но пак ќе кажам тоа не ја дава реалната слика, рече политичкиот аналитичар Александар Кржаловски.

Бројот на население е намален, за 34.000 е зголемен бројот на домаќинства, во споредба со минатиот попис, но од друга страна бројот на станови е поголем за 24.000 во споредба со вкупниот број на домаќинства.

Мислам дека овој елемент треба да го анализираме, но тоа е и општ тренд, имаме се повеќе луѓе кои сакаат да живеат во странство и тоа треба да се разгледа. Значи дека нешто фали овде кај нас. Но од друга страна, другите податоци, оваа бројка со становите покажува дека Македонија не е толку сиромашна колку што изгледа според статистиките, или според макроекономските бројки. Тука има многу работи за анализа, вели Мехмети.

Кржаловски од своја страна препорача опфатот на податоците кои се попишуваат да биде уште поголем.

Ние, како општество, сме рекле уште пред 30 години дека одиме кон граѓанско општество, каде што граѓанинот е битен, а не етничката припадност, ама уште не сме стигнале таму. Така да ова е добар чекор во таа насока и уште некое време ќе бидат битни податоци, додека да станат небитни. Но податоците за етничката припадност сѐ уште се важни и затоа сметам дека ова треба да се докомплетира како што треба. Јас сум поборник за се да се има податоци по етничка основа, и за тоа кој, какви субвенции добил во земјоделство, кој колку даноци платил и по општини. Да ги имаме податоците и тие ќе се демистифицираат и ќе нема за што да се расправаат партиите, рече Кржаловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе