Потребна е квалификувана работна сила во македонската индустрија. На младите им недостасуваат информации каде и кои Програми можат да ги искористат, бидејќи текстилната, но и останатите индустрии бараат да се користат и дигитални алатки. Јасмина Чапова, која работи три де дизајн смета дека компаниите за да ги привлечат младите во текстилниот сектор мора да им ги понудат дигитални технологии. Според неа мотивицаијата изостанува поради тоа што им се нуди работа, какошто работеле нивните баби и мајки на машина за шиење.
85% од компаниите се подготвени да ги отворат вратите за пракса на учениците. Анализите на граѓанскиот сектор покажуваат дека не е сосема точно мислењето оти младите сакаат да работат во администрација.
Митровиќ и Чапова сметаат дека отворањето на канцеларијата МладиХаб во Штип на Националниот младински совет со помош на Британската амбасада на младите од источниот регион ќе им овозможи добивање на повеќе информации за вработување, мерки, квалификации.
Викторија Јованова
