Вести Економија Македонија

Нема договор на преговорите меѓу владата и синдикатите за скалестото покачување на платите на административците

Нема договор меѓу владата и синдикатите од администрацијата за скалесто покачување на платите на административците, по покачувањето на минималната плата.

Ова е епилогот од денешниот економско-социјален совет, по што на 30-ти март на штрајк ќе излезат дел од синдикатите.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи за Телма изјави дека во јавниот сектор од месец март не треба да има плата пониска од минималната плата.

Во однос на скалестото покачување, Битиќи изјави дека некои доаѓаат со барање за 100% скалесто покачување, па се споменува 50%, 70% и ткн.

„Ние денеска се согласивме сите чинители дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства, во сите области, ќе треба да продолжи. Наместо да се одвива само на економско-социјалниот совет, дијалогот го спуштаме на нивот на секое ресорно министерство , јавно препријатие, акционерско друштво во државна сопственост за да таму се решаваат проблемите.“ –изјави Битиќи.

Претставниците на синдикатите оценија дека владата не покажала подготвеност да излезе во пресрет на нивните барања.

Благоја Ралповски од Конфедерацијата на слободни синдикати најави дека дел од гранските синдикати на КСС на 30 март ќе излезат на протест пред Собранието, по што ќе се упатат и пред владата.

Јаким Неделковски од СОНК оцени дека нема интерес од владата за договор.

Тој најави дека ќе го поддржат протестот на 30-ти март, додавајќи дека тие го сондираат расположението на своите членови за стапување во генерален штрајк, кој би требало да започне на 11-ти април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе