ЗЕЛС чека средба со Владата за решавање на финансиските проблеми поврзани со плаќање на зголемената цена на електричната енергија, а Советот на Град Скопје одлучи да издвои 650 илјади евра за враќање на бесплатниот јавен превоз , запрен пред 2 години поради пандемијата. Бесплатниот превоз стартува од 25 овој месец, а за пензионерите ќе важи во вторник, петок и во деновите за викенд. В.Д. директорот на ЈСП-Скопје вели дека така ќе им се излезе во пресрет на неколку категории граѓани.
ЈСП-Скопје и градот скопје секогаш мислат на своите граѓани и во овие тешки моменти решивме да излеземе, барем на одредена група граѓани, да им ги олесниме економските проблеми, вели в.д директорот на јсп-скопје, иван илиевски.
ЈСП не се откажува од популистичката мерка со која се опфатени 80 илјади граѓани, меѓу кои се и среднишколците, студентите на додипломски студии и лицата со попреченост. А, претпријатието има наследените долгови, кредит и се соочува со скокот на цената на нафтата, признава в.д. директорот.
имаме загуба од 200 милиони денари во 2021 година и 300 милиони денари обврски кои што треба да се платат кон добавувачите. исто така кредитот кој што е обврска на јсп кон ебрд почна да достасува оваа година и веќе првата рата од 50 милиони денари е исплатена во јануари кон ебрд. Спроедено со декември минатата година, трошоците за гориво, односно за нафта се зголемени за 33 проценти, вели илиевски.
Пензионерите кои сакаат да користат јавен градски превоз треба да ја поседуваат електронската картичка „ Скопска“ и при користење на јавен превоз треба да се валидираат. Картичката треба да се приложува при контроли, а нејзиното персонализирање се врши во седумте центри на ЈСП-Скопје.
Сотир Трајков
