Вести Економија

Цената на горивата останува непроменета – екстра лесното масло за домаќинствата поскапо за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 21.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не  се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 23.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                                   79,00            (денари/литар)

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 98                                  81,00           (денари/литар)

Дизел гориво                                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     77,00            (денари/литар)

Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                    75,50           (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                                    52,354 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 1,540%, кај дизелот за 3,264%, кај екстра лесното масло за 3,762% и кај мазутот за 1,054%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,033%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе