Спорт Фудбал

Нов систем на натпреварување од 2022/23

Денеска се одржа редовното годишно собрание на Фудбалската федерација на Македонија на кое покрај усвојувањето на стратегиите за следниве четири години беше усвоен и нов систем на натпреварување.

На собранието присуствуваа 55 од вкупно 58 делегати кои едногласно го усвоија новиот систем за натпреварување што ќе важи од следната сезона во која наместо две ќе има една втора лига во која ќе се натпреваруваат 16 екипи, а беа усвоени и страгеиите за развој на фудбалот во земјата во периодот од 2021 до 2025 година.

Делегатите на увид го имаа и финансискиот извештај за 2021-та, резултатски најуспешна во историјата во која се остварени приходи од 19 милиони евра, а годината е завршена со позитино салдо од 4,3 милиони евра, а беше потенцирано дека во претходните 12 месеци федерацијата во подобрување на инфраструктурата во земјава вложила три милиони.

“Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Наша цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа да се вклучат во помагање на клубовите, да бидат партнери. Генералната стратегијата „Обединети од фудбалот“ мора да биде клучен документ кој треба да одговори во кој правец се движиме и како да се поставиме пред предизвиците кој ни доаѓаат. Не можеме вечно да живееме на стара слава и на пласманот на Европското првенство. Од ден на ден мораме да се стремиме кон подигнување на квалитетот на работа на федерацијата на сите нивоа и во сите сегменти. Работиме на многу проекти, на поконкурентна Прва лига, на единствена Втора лига, а во иднина и на пониските категории и женскиот фудбал”, истакна во обраќањето на делегатите, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе