Поранешниот канцелар Герхард Шредер остана без почесното членство во Германската фудбалска федерација.
Оваа одлука е донесена на денешното собрание, а како причина се наведува неговата блиска врска со рускиот претседател Владимир Путин и високата позиција во раководството на компанијата Роснефт.
“Шредер не ги прифати бројните барања јасно да го каже својот став против агресијата врз Украина и поради тоа бевме принудени на ваков потег”, изјави ВД претседателот на федерацијата, Рајнер Кох.
Поради тесните врски со Русија на идентичен потег се реши и Борусија Дортмунд која денеска на поранешниот канцелар му го одзема почесното членство во клубот.
