Според некои руски медиуми постои можност за голем пресврт во одлуката на ФИФА и се најавува враќање на националниот тим во баражите за пласман на Светскиот куп во Катар.
Во информацијата се наведува дека во седиштетот на ФИФА се размислува за одложување на бараж мечот против Полска за јуни бидејќи наводно се смета дека до половината на оваа година ќе заврши руската инвазија во Украина.
Дека оваа информација не е еднострана и дел од пропагандата во Русија се потврдува со веста од Полска каде се истакнува дека баражот во моментов е одложен и дека најверојатно ќе се одигра во јуни.
Сепак епилогот на оваа ситуација не зависи само од ФИФА туку се чека реакција на Фудбалските асоцијации на Полска, Шведска и Чешка кои неодамна во заедничко соопштение порачаа дека немаат намера да се сретнат со репрезентацијата на Русија.
