Данил Медведев и Ешли Барти и оваа недела останаа на чело на АТП и ВТА листите. Рускиот тенисер има минималната предност од 150 бода во однос на Ѓоковиќ, Александер Зверев остана на третото место, а меѓу првите пет се уште Рафаел Надал и Стефанос Циципас.
Матео Беретини бележи напредок од едно место и изби пред Андреј Рубљов додека меѓу првите десет се уште Каспер Руд, Феликс Оже Алиасим и Јаник Синер кој повторно се врати на десеттата позиција.
Кај дамите Барти е убедливо прва со скоро 3000 поени повеќе од Барбора Крејчикова. Ирина Сабаленка, Ига Својнтек и Анет Контавеит останаа меѓу првите пет, а Марија Сакари и Паула Бадоса ги сменија позициите. Нема измени во редоследот од осмото до десеттото место каде се наоѓаат Каролина Плишкова, Гарбиње Мугуруза и Онс Жабер.
