Спорт Фудбал

Ристовска: Со помош на навивачите да ја забележиме првата победа

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 18:30 часот во Скопје во рамките на четвртото коло од ЕХФ Купот ќе се соочи со Словенија.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во средата беа на чекор да го освојат првиот бод, но за жал во последните секунди не успеавме да реализираме удар од седум метри.

Подмладениот состав се подготвува за настапите на Европското првенство и оваа талентирана генерација од натпревар во натпревар игра се подобро и може да очекуваме денеска да се забележи првата победа.

“И покрај фактот што во Целје настапивме во подмладен состав за жал не успеавме да освоиме барем бод. Од натпревар во натпревар играме се подобро и верувам дека можеби уште денеска ќе го направиме тој голем чекор и ќе забележиме победа. Го изненадивме противникот со еден нов систем во одбраната, немавме многу време уште подобро да се подготвиме, но сето она што го договоривме пред почетокот на натпреварот го исполнивме на теренот и успеавме да го изненадиме противникот. Штета што не успеавме да освоиме барем бод бидејќи имавме можност за израмнување. Мора да се каже дека имавме и недостатоци во играта, но тоа се сосема очекувано. Добро ги анализиравме сите проблеми што ги имаме во играта и се надевам дека ќе на утрешниот натпревар ќе ги поправиме и дека повторно ќе направиме изненадување”, изјави една од најискусните ракометарки во составот, Сара Ристовска.

Оваа генерација покажа дека има потенцијал дека може рамноправно да се носи со фаворизираните противници и за уште поголем успех потребна е поддршка од трибините, а денeска навивачите имаат можност да ја следат оваа селекција во А1 арената Борис Трајковски. Влезот е слободен за сите заинтересирани и тие ги канат љубителите на ракометот да дојдат и да им дадат поддршка во обидот да ја совладаат Словенија.

“Верувам дека денеска ќе има поголем број на гледачи на трибините. Атмосферата во екипата е одлична, тоа се забележува не само на теренот туку и на тренинзите. На овој состав му е потребна поддршка од навивачите и ги поканувам вечерва да дојдат во што е поголем број и заедно да се обидеме да стигнеме до победа”, заврши Ристовска.

Натпреварот почнува во 18:30 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе