Ракомет Спорт

Савевски: Победа над Словенија ќе биде дополнителен мотив за ракометарките

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре во Скопје против Словенија ќе го одигра реванш дуелот од ЕХФ Купот. Во првиот натпревар пропуштивме шанса за сензација, но составот предводен од селекторот Љубомир Савевски од натпревар во натпревар игра се подобро и можеме да се надеваме дека ќе стигнеме до првата победа во ова натпреварување.

“Резултатот во Словенија е плод на желбата за успех и квалитетот на ракометарките. Ќе бидам среќен ако на утрешниот дуел ја повториме играта од првиот натпревар. Во моментов резултатот е во втор план, би било убаво да победиме што ќе биде дополнителен мотив за екипата да напредува уште повеќе”, изјави селекторот Савевски.

Нашата женска селекција по подолго време е дел од едно големо натпреварување. Како домаќини на Европското првенство обезбедивме директен пласман и токму мечевите во ЕХФ Купот се извонредна можност оваа млада генерација на талентирани ракометарки да стекне неопходно искуство и да го крева квалитетот на уште повисоко ниво.

“Настапот во ЕХФ Купот е вистинско богатство за нас. Ние немаме можност да играме толку голем број на квалитетни натпревари во една сезона. Во досегашниот тек од натпреварувањето ракометарките покажаа дека имаат талент, имаат квалитет само е потребно време и место тоа да го докажат. Во Целје покажаа храброст, истрајност и карактер. Во еден момент имавме негатива од пет гола, но ние се вративме во мечот и до крајот игравме гол за гол. Искрено јас се чувствувам како да победивме, за мене тоа е голем плус и доказ дека сме на вистинскиот пат. Имаме уште многу работа, но ако продолжиме вака сигурно дека не чека добра иднина”, заврши предводникот на националниот тим.

Дуелот се игра утре во А1 арената Борис Трајковски, почнува во 18 часот, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе