Според последните инфромации од Франција, Новак Ѓоковиќ ќе има можност да ја брани титулата на Ролан Гарос.
Француската влада најави дека од 14 овој месец укинува голем број од рестриктивните мерки за превенција на ширењето на корона вирусот.
Од втората половина на месецов се укинуваат КОВИД потврдите, а на сила ќе остане само обврската за носење на заштитни маски во јавниот превоз.
Со последната одлука на здравствените власти српскиот тенисер ќе може да настапи на турнирите во Париз и Монте Карло.
