Роман Абрамович е подготвен да го продаде Челси. Наводно рускиот милијардер добил четири понуди. Тој е под силен притисок од јавноста и политичарите во Велика Британија, поради наводните блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.
Швајцарскиот милијардер Хансјерг Вајс јавно потврди дека добил понуда да го купи фудбалскиот клуб Челси. Рускиот тајкун имал уште три други понуди, а за да го продаде клубот ќе бара 3,6 милијарди евра, според „Дејли мејл“. Реалната Вредност на „сините“ веројатно е многу помала поради големата позајмица што ја има клубот од други инвестициски фондови и минусот од преку 150 милиони фунти.
Абрамович во саботата го предаде раководењето со клубот на хуманитарната организација на Челси, а англиските медиуми велат дека тој панично ги продава сите имоти и бизниси во Велика Британија, откако политичарите му се заканиле со замрзнување на средствата.
