Фудбалската федерација на Романија има идеја како да се продолжи Украинскиот фудбалски шампионат кој поради агресијата од страна на Русија е прекинато.
Инцијативата за оваа понуда ја покрена тренерот на киевски Динамо, Мирчеа Луческу кој во дел од својата кариера работеше како предводник на Шахтар од Доњецк. Романците потенцираат дека имаат доволно стадиони на кои би се играле натпреварите се со цел шампионатот да се комплетира и во следната сезона клубовите од Украина да настапуваат во европските натпреварувања.
Инаку пред прекинот на првенството по 18 кола на чело на табелата е Шахтар со 47 бода, седум повеќе од Динамо додека трет е Дњипро со 40.
