Пари Сен Жермен со сите средства се обидува во своите редови да ја задржи најскапата аквизиција во клупската историја, Килијан Мбапе за кој се шпекулира дека е многу блиску до трансфер во Реал Мадрид.
Според пишувањето на француските медиуми, клубот од престолнината на еден од најдобрите напаѓачи е подготвен да му понуди сума од 200 милиони евра која Мбапе би ја инкасирал за две години. Според договорот францускиот репрезентативец би имал плата од 50 милиони по сезона, но предивидени се и бонуси кои би биле идентични со годишните примања.
На овој начин Пари Сен Жермен се обидува да го задржи Мбапе кој наводно е пред преселба во Реал и се најавува дека официјализирањето на трансферот би се случил по реванш дуелот во Лигата на шампионите.
