Спорт Фудбал

Англиските клубови со приход од две милијради евра

Во последниве години се помал број на клубови од најсилните лиги се заинтересирани за ангажирање на фудбалери од своите академии. Сепак системот на производство на играчи за некои клубови од Стариот континент значи и сигурен извор на приходи.

Според анализата на Институтот за фудбалски истражувања во изминативе седум години најголем приход од трансфер активности на играчи кои потекнуваат од академиите е Англија со вкупен приход од 2 милијарди евра. На второто место е Англија со 400 милиони помалку, а потоа следуваат Шпанија и Италија кои ја надминуваат границата од милијарда милиони евра.

Ако се погледне клупската листа на чело е Бенфика со вкупен приход од 379 милиони евра, Многумина ќе се изненадат со второто место на Реал Мадрид, кој по оваа ставка инкасирал 236 милиони и тоа од продажба на 11 фудбалери, а трет Монако со вкупен приход од 246 милиони, но 73 проценти од сумата е само од еден играч и тоа продажбата на Килијан Мбапе во Пари Сен Жермен.

Меѓу првите пет се наоѓаат уште Ајакс со 283 милиони и Лион кој инкасирач 13 милиони помалку. Границата од 200 милиони евра ја надминуваат уште Баер Леверкузен, Аталанта и Челзи. Лидер од клубовите од регионот е загрепски Динамо со вкупен приход од 135 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе