Спорт Фудбал

Џеси Марш и официјално седна на клупата на Лидс јунајтед

Џеси Марш е наследник на Марсело Биелса на менаџерската позиција во Лидс јунајтед. Американскиот стратег доаѓа откако имаше неуспешна авантура во таборот на Лајпциг на стартот на сезоната.

Тој беше избркан од тимот по лошите резултати, но сега доби нова шанса да работи како тренер на високо ниво. Марш тренерската кариера ја почна во Њујорк Ред Булс, а потоа во 2018 година продолжи да работи во спортското друштво Ред Бул, како помошник тренер во Лајпциг. Во 2019 година се пресели во Салцбург како прв тренер, за изминатото лето повторно да се врати во Лајпциг.

Лидс моментално се наоѓа на 16.место на табелата во Премиерлигата со само два бода повеќе од зоната за испаѓање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе