ФИФА и УЕФА веднаш ја послушаа препораката на Интернационалниот Олимписки комитет и веднаш го суспендираа рускиот фудбал од меѓународната сцена.
Машката руска репрезентација е исфрлена од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Женската репрезентација нема да може да настапи на претстојното Европско првенство. Фудбалскиот клуб Спартак Москва е исфрлен од Лигата на Европа, што значи дека Лајпциг без мака се пласира во четвртфиналето.
Од УЕФА потврдија дека е раскинат и договорот за спонзорство со руската компанија Газпром.
