Вести Македонија

Говор на омраза и антисемитизам, по најновите параноични видеа- Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гледа кривични дела во однесувањето кон еврејската група Лев Тахор

38-те припадници на еврејската секта Лев Тахор не може да најдат ниту ден мир во Македонија која се фали со традиционална гостопримливост и толеранција.

Групата која се облекува традиционално и практикува ортодоксна вера, за 10 дена мирот го побара во трет град во државата. Најдоа сместување во хотел во близина на Охрид, но неколку локални жители веќе почнаа да шират параноја низ локалните медиуми и социјалните мрежи.

-Не знам што е чудно. Група американски жители бараа престој и договоривме. Медиумите прават проблеми иако Охрид е туристичко место во кое има традиционална гостопримливост. Сите се занимаваат со овие луѓе, а никој не се занимава со тоа што килограм јаболки е еден денар. Проблемите во местото ги прават двајца пијаници, а јас како верник почитувам секоја вера, ни изјави сопственикот на хотел во Охридско каде е сместена групата Лев Тахор

Но работите земаат и уште полош правец, па на тик ток се појавија две видеа кои ги сатанизираат припадниците на групата споредувајќи ги со сцени од хорор филм и таква музика.

Видеата на профилот под име Мујооо (mujoo000) биле прегледани околу половина милион пати. Од комисијата за спречување и заштита од дискриминација која отвори постапка по сопствена иницијатива велат дека станува збор за говор на омраза што треба да го гони обвинителството.

-Ги следевме и медиумите, социјалните мрежи и традиционалните медиуми и од нив дури има подбуцнување со говор на омраза кон претставници на групата, што не наведува на заклучо дека во Македонија е вкоренета таа појава. Не е тоа само во Македонија, но сепак првпат може да зборуваме за покажување на антисемитизам, што никогаш се нема случено во поновата историја на Македонија, ни изјави Кире Василев, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Василев изјави дека дискриминација се истражува во два скопски хотели кои ги букирале како гости, припадниците на групата Лев Тахор, но потоа ги буткале назад на хотелските врати и им ги вратиле парите.

Пред третиот хотел каде биле сместени, претставничката на Лев Тахор им кажала дека имале притисоци исти како во Куманово.

Пред хотелот имало луѓе кои фрлале петарди и викале. Слично било и во Куманово, а пред куќата со жените не биле фрлани јајца и камења, додека мажите биле сместени во друга куќа во Куманово, во населбата Зелен рид, каде млади локални жители викале и како што рекоа соседите фрлале кон куќата и ја скршиле портата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе