Кошарка Спорт

Гасол на 41 година ја заврши кошаркарската кариера

Легендарниот кошаркар Пау Гасол денеска и официјално објави крај на својата кариера. Беше професионалец дури 21 година, а во НБА-лигата играше цели 19 сезони.

Шпанецот ќе остане запаметен како еден од најдобрите центри на сите времиња. По три сезони во Барселона како тинејџер се пресели во НБА-лигата, каде беше драфтуван во 2001 година како трет пик од Мемфис. Најдобрите моменти во кариерата ги имаше во дресот на Лос Анџелес лејкерс, каде заедно со Коби Брајант освои две шампионски титули во 2009 и 2010 година. Потоа играше и за Чикаго, Сан Антонио и Милвоки, а минатата полусезона се врати во Барселона за да ја заврши кариерата.

Со шпанската репрезентација освои три Европски првенства и едно Светско првенство во 2006 година, а на Олимпијадите се закити со две сребрени медали и една бронза.

Лос Анџелес лејкерс во негова чест ќе го повлечат дресот со број 16.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе