Спорт Фудбал

Фудбал пред полни трибини во Шпанија

По точно 18 месеци, стадионите во Шпанија ќе може да бидат исполнети до последното место. Министерството за здравство донесе одлука од петок да нема никакви ограничувања за пополнување на капацитетите на трибините.

Здравствените власти во земјата како причина за измена на протоколите за влегување на стадионите го потенцираа фактот дека до вчера во Шпанија е вакцинирано 76,9 проценти од населението што е сосема доволно да се укинат голем број на рестриктивни мерки.

До вчера на стадионите беше дозволен влез на 60 проценти од капацитетот, но веќе од следната рунда тимовите може да ги играат мечевите пред максимално исполнети трибини.

Што се однесува до натпреварите што се играат во затворен простор ќе биде дозволено присуство на гледачи до 80 проценти од капацитетот на салите на место досегашните 40.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе