Вести Економија

РКЕ започна постапка за одземање на лиценците на МИСТ ЕНЕРЏИ и на У ПАУЕР

Регулатрната комисија за енергетика започна постапка за одземање на лиценците на компаниите МИСТ ЕНЕРЏИ и У ПАУЕР. И покрај укажувањата , велат од Регулатнорна, двете компании не набавувале доволни количини електрична енергија за своите потрошувачи и го довеле во ризик работењето на целиот енергетски систем зашто остатокот од потребната електрична енергија морал да се набавува од резервите на МЕПСО.

Бидејќи не набавуваат потребни количини електрична енергија за да ги задоволат потребите на своите потрошувачи , туку набавуваат многу помали количини и врз основа на тоа, за овие 2 компании остатокот на електричната енергија се обезбедуваше преку системските резерви  кои ги чува МЕПСО, а тоа се резервите во нашите хидроелектрани . И имавме ситуација да хидро енергијата се триши заради пазарни активности, што е сосема забрането и против секоја логика, изјави Марко Бислимовски – претседател на РКЕ

Состојбата е стабилизирана, но Бислимовски предупредува тоа што снабдувачите го прават комерцијално , да не го правот врз грбот на целиот енергетски систем. Доколку компаниите го корегираат начинот на работа, постапката за одземање на лиценците ќе биде запрена. РКЕ презема мерки и против компаниите „Енергија гас енд пауер“, „ Соларопро Холдинг“, „ Вангард“ и „ Енерџи актив“, кои известиле стотина потрошувачи за раскинување на договорите за снабдување со електрична енергија и побарале од нив ретроактивно за месеците да им плаќаат според нови цени, без да им дадат отказен рок кој трае 60 дена.

Имаат право да раскинат договор, но до моментот додека трае промената на снабдувачот имаат обврска да ги снабдуваат по цените кои што се наведени во договорите.

Вчера бил спречен обид една компанија да ги раскине договорите со 90 државни институции. РКЕ ги охрабруваат потрошувачите да побараат надомест на штета. А, доколу четирите компании продолжат да работат противзаконски и за нив ќе започне постапка за одземање на лиценците.

За разлика од слободниот, на регулираниот пазар на електрична енергија, нема изненадувања. ЕСМ има обезбедено електрична енергија за 100% задоволување на потребите на домакинствата, по цена од 36, 1 евра за мегават  час, што во споредба со случувањата на слободниот пазар, е за 3 до 4 пати помала цена во однос на пазарите во Европа, каде таа се движи од 120 до 170 евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе