Кошарка Спорт

Без гледачи на натпреварот против Словачка

За разлика од претходните два натпревари на претквалификацискиот турнир во Скопје овој пат кошаркарите нема да имаат поддршка од трибините откако здравствените власти во земјава не дозволија присуство на гледачи во салата на СЦ Јане Сандански.

“Македонската кошаркарска федерација направи се за да добие дозвола за организација на овој последен натпревар од претквалификациите со присуство на гледачи, Искрено жалиме поради одлуката овој важен натпревар да се одигра без присуство на гледачи.

По добивањето на препораките, односно најновите мерки за заштита од Ковид-19, донесени од страна на здравствените и државни авторитети, федерацијата одлучи дека стриктно ќе ги почитува најновите одлуки кои се однесуваат на протоколите за организација на официјални натпревари во затворен простор”, се вели во соопштението на Кошаркарската федерација.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе