Македонскиот првак во женски фудбал Каменица Саса денеска го одигра првиот натпревар на квалификацискиот турнир во Лигата на шампиони и загуби од Јувентус со 12-0 во Торино.
Јасно беше дека нашите фудбалерки немаат никакви шанси против италијанскиот гигант, а по првото полувреме беше 4-0. Во вториот дел, Саса ја вадеше топката од мрежата уште осум пати, но можеше да прими уште некој гол повеќе.
Италијанките имаа вкупно 55 обиди кон голот на нашиот состав, а Саса ниту еден. Карузо и Сташкова запишаа по еден хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Џирели два пати, Бонансеа, Заманијан, Росучи и Бонфатини.
Во второто полуфинале во оваа група вечерва играат Бешикташ и Сент Пелтен. Победникот ќе се сретне со Јувентус.