Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот во салата на СЦ Јане Сандански против селекцијата на Словачка ќе го одигра последниот натпревар на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство.
Нашата селекција готово сигурно ќе биде дел од мундијалските квалификации бидејќи за евентуален неуспех вечерва треба да бидат поразени со 28 поени разлика што практично е невозможно бидејќи во првиот дуел славевме со 69:47.
“Нема тука што посебно да се зборува. Треба да продолжиме со игрите од претходните два натпревари. Сите да го вложиме својот максимум од можностите, и со една тимска работа да стигнеме до зацртаната цел. Да го завршиме овој турнир со уште една силна игра, и на првото место. Словаците имаат квалитетен состав, постојано вртат една игра, не се откажуваат од тоа, дури и кога губат. И ние ќе мора да играме заедно и добро во текот на сите 40.минути. Да немаме преголеми падови во играта како на некои од претходните натпревари. Мене не ме интересираат никакви математики. Гледам и очекувам само победа и ништо друго. Тоа е патот до успехот”, изјави Џејкоб Вајли.
ФОТО: Игор Паневски