Кошарка Спорт

Мекиќ: Ако ја повториме играта со Словачка, сигурно ќе победиме

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во салата на СЦ Јане Сандански против Швајцарија ќе го одигра вториот дуел против селекцијата на Швајцарија.

“Во првиот натпревар влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во тимот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе не однесе во следната фаза. Во вториот меч влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот”, изјави Адем Мекиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Марко Трајановски – европски шампион во ММА борби

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Градски за лидерско место на табелата

Дејан Дејан

Јута им се одмазди на Лејкерс, Џамал Мареј со натпревар на кариерата за Денвер (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе