Кошарка Спорт

Кошаркарите одат на втора победа и пласман во квалификациите за СП

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот против Швајцарија ќе го одигра третиот натпревар на претквалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.

Доколку избраниците на селекторот Драган Бајиќ забележат победа со повеќе од пет поени разлика репрезентацијата на Македонија сигурно ќе обезбеди пласман во мундијалските квалификации.

Оптимизмот во нашите редови се поткрепува со одличната игра на последниот дуел против Словачка во кој македонските репрезентативци забележаа убедлив триумф со кој ги задржавме шансите за освојување на едно од првите две места.

И на денешниот натпревар што се игра во салата на СЦ Јане Сандански ќе биде дозволено присуство на гледачи, а влезот е дозволен само за оние кои ќе покажат сертификат за вакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе