Спорт Фудбал

Промоција на Милевски на селекторската функција

Фудбалската федерација на Македонија официјално го промовираше Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација, кој на чело на националниот тим ќе остане до 2024 година.

“Можам да ветам максимална посветеност во мојата работа и професионалност. Вреднување на човечките вредности на сите нас. Ќе соработувам со голем број на познати личности. Возбуден сум за тоа. Едвај чекам да се видиме повторно. Сето она кое ни следи за новиот циклус, можам да кажам дека заедничка цел на сите ни е ЕП 2024 година, но во тековните квалификации за СП 2022 во Катар ќе дадеме се што умееме и знаеме за да имаме успешни квалификации и да останеме конкурентни до крајот на циклусот. Дека ќе има измени, ќе има, знаете дека Пандев, Тричковски и Велкоски изразија желба да прекинат со настапите за А-тимот. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за сето она кое го постигнаа. Исто и на мојот претходник Ангеловски за афирмацијата на македонскиот фудбал”, изјави Милевски.

Новиот предводник на националниот тим го промовираше првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини.

“Вашето знаење, вашата страст и искуство несомнено ќе има важно влијание на развојот на фудбалот во Македонија. Доаѓате на позицијата селектор на најдобрата наша репрезентација потполно подготвен за нови успеси и нови победи. Македонската репрезентација веќе покажа дека има сила и квалитет. Сега е најважно да покажеме силен карактер и повторно да ги радуваме нашите навивачи. Ви посакувам среќа и успех во сите предизвици кои се пред вас и трудете се да создадете трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија. Јас и Управниот одбор на Федерацијата сме убедени во потенцијалот на фудбалерите и можете да сметате на наша целосна поддршка во остварување на целите”

Новиот селектор на функцијата ќе дебитира на втори септември во Скопје, кога репрезентацијата на Македонија во рамките на квалификациите за Светското првенство ја пречекува Ерменија.

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе