Спорт Фудбал

Заврши ерата на Лионел Меси во Барселона: Аргентинецот нема да потпише нов договор

Лионел Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона, односно нема да потпише нов договор, потврди каталонскиот клуб.

Аргентинецот си заминува како слободен агент, бидејќи клубот не е во можност да му понуди нова соработка поради рестрикциите од Ла Лига.

„И покрај фактот што Барселона и Лионел Меси се договорија и официјално договорот требаше да биде потпишан денеска, тоа не може да се случи поради финансиските и структурните пречки во Ла Лига“, стои во соопштението на Барселона.

Меси сега е слободен да потпише договор со било кој друг клуб без никакво обештетување. Во неговата кариера за каталонскиот тим, која почна во 2004 година, Аргентинецот одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и имаше 305 асистенции.

Од многу бројните освоени трофеи, меѓу најважните стигна до 10 шампионски титули во Ла Лига и четири Лига на шампиони. Од индивидуалните признанија дури шест пати ја освои „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер.

Сега се поставува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата Лионел Меси. На памет први паѓаат најбогатите клубови во европскиот фудбал, Манчестер сити или ПСЖ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе