Вести Македонија Спорт

Теквондистот Георгиевски на чекор до медал на Олимписките игри

Дејан Георгиевски со 9-4 го доби четвртфиналниот меч против Сејду Гбане и се пласира во полуфиналето на турнирот на таекводно на Олимписките игри.

Македонија е на чекор до медал на Олимписките игри откако Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на турнирот во таеквондо.

Откако го елиминираше светскиот шампион, во четвртфиналето за противник го имаше Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

Првата рунда беше претпазлива од страна на двајцата борци, во неа немаше поени, во втората Георгиевски поведе со 3-1.

Интересна беше последната рунда во која Гбане успеа да израмни на 4-4, но последната минута беше во знакот на Георгиевски кој освои уште пет поени и победи со 9-4.

Во полуфиналето Дејан Георгиевски ќе има силен противник, Кјо Дон Ин од Јужна Кореја. Овој натпревар е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе