Спорт

Сребрен медали за Георгиевски, најголем успех на македонскиот спорт

Македонскиот репрезентативец во таеквондо Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио го освои сребрениот медал откако во финалето во категоријата преку 80 килограми е порзен од Русинот, Владимир Ларин.

Со овој резултат, Георгиевски стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри надминувајќи го постигнувањето на борачот Могамед  Ибрагимов кој пред 21 година во Сиднеј стигна до бронзата.

И во финалето Георгиевски беше одличен, рамноправен во текот на целиот меч со најдобриот такеводист на светот во моментов, но за жал на крајот беше поразен со 15:9.

На патот до финалето Георгиевски успеа да ги елиминира  Кубанецот, Рафел Алба Кастиљо, Сејду Гнабе од Брегот на Слоновата коска и во полуфиналето беше поуспешен од Дон Кјо Ин од Јужна Кореа.

Двајцата натпреварувачи кои Георгиевски ги совлада на патот до среброто, Кастиљо и Ин на крајот ги освоија бронзените трофеи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе