Домаќинот на Олимписките игри, што се одржуваат во Токио, Јапонија изби на првото место како најуспешна земја по третиот натпреварувачки ден.
Најмногу медали има освоено Кина, вкупно 18, но Јапонија моментално е најуспешна, бидејќи од вкупно 13 медали, дури осум се златни, два сребрени и три бронзени.
САД се на второто место по успешност со седум злата, три сребра и четири бронзи. Кина засега има шест златни одличја, пет сребрени и седум бронзени. Потоа следува Русија, Велика Британија, Јужна Кореја и Австралија.
Интересно е тоа што и Косово се наоѓа меѓу најуспешните нации на Игрите во Токио со освоени два златни медали и двата во џудо. Од нашиот регион, Хрватска има еден златен и еден бронзе медал исто како и Словенија. Србија има сребро и бронза, а Бугарија еден сребрен медал.
