Македонскиот олимписки комитет е на удар на јавноста, откако денеска голманот на Вардар и ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски објави документ според кој во делегацијата за Олимписките игри во Токио се и блиски членови на семејството на челниците на МОК и Агенцијата за млади и спорт.
Ристовски објави документ испратен на 5.мај и потпишан од првиот човек на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски до Националната техничка група за вакцинација со кој се бара приоритетна вакцинација на Олимписката делегација, која треба да отпатува за Токио.
Спорно е тоа што на овој список освен имињата на Даниел Димевски, потоа шефот на олимписката делегација Владимир Богоевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски се наоѓаат и имињата на нивните сопруги.

Сега се поставува прашањето дали челниците на македонскиот спорт во Токио ги шетаат и своите сопруги, кои се пријавени како дел од официјалната делегација или тие биле ставени на списокот само за да добијат приоритетна вакцинација?
