Конор Мекгрегор втор пат по ред загуби од неговиот голем ривал Џастин Поире на УФЦ 264 утринава во Лас Вегас, откако несреќно ја повреди ногата во првата рунда од борбата.
Ирскиот борец на неколку секунди пред крајот на првата рунда, лошо нагази на левата нога и дојде до превиткување на неговиот скочен зглоб. Докторите веднаш интервенираа и увидоа дека Мекгрегор има скршеница на ногата и не може да продолжи. Па така победата му беше доделена на Поире, кој сега води 2-1 во меѓусебните пресметки со Ирецот, откако го победи со нокаут и на нивната претходна борба на 24 јануари годинава. Нивната прва борба се одржа во 2014 година, а тогаш Мекгрегор славеше со технички нокаут во првата рунда.
Засега е нејасно дали ќе има четврта пресметка помеѓу овие двајца големи ривали, бидејќи Порие сега сака да го нападне појасот во лесна категорија и веројатно ќе се бори со Чарлс Оливеира.
An injury to Conor McGregor’s leg forced a Doctor’s Stoppage in the #UFC264 main event.
Dustin Poirier won via TKO. pic.twitter.com/jsZVltGniI
— ESPN MMA (@espnmma) July 11, 2021
