Спорт

Олимписките игри во Токио дефинтивно без публика на трибините

Олимписките игри во Токио дефинитивно се одржуваат и покрај тоа што во Јапонија е прогласена вонредна состојба поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19. Денеска е донесена и конечна одлука дека Игрите ќе се одржат, но без присуство на публика.

Владата на Јапонија денеска воведе вонредна состојба во земјата како мерка за заштита од ширење на коронавирусот, откако изминатата недела бројките на новозаразени постојано се зголемуваа.

Поради тоа, организаторите на Олимписките игри во Токио решија на спортските борилишта да нема публика. Од претходно беше донесена одлука на трибините да има само домашна публика и тоа со само 50 отсто од максималниот капацитет, но со воведените нови мерки, спортистите нема да имаат никаква подршка од навивачите.

Сепак, се остава простор оваа одлука да биде преиначена доколку ситуацијата во Јапонија со Ковид-19 значително се подобри пред почетокот на Игрите, што е закажан за 23 јули.

Илјадниците спортисти кои ќе учествуваат на најголемиот спортски собир ќе мора да се придржуваат до строгите мерки и правила за заштита од вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе