Македонија Најважни

Владата го разреши Пауновски, тој со коментар: Простете им, не знаат што прават

Конфликтот на релација премиер – директор заврши со разрешување на Стојко Пауновски од функцијата прв човек на Пазарната инспекција. Владата доцна попладнево одлучи да ја испразни фотелјата на првиот пазарен инспектор, откако тоа вчера и јавно го побара Заев.

Премиерот на грб на Пауновски му го стави пркосот да стави потпис на 35-те рамковни вработени,тоа што не смеел да си дозволи да понижува надредени и да не почитува хиерархија.

Образложението пак од Владата е дека Пауноски е разрешен заради непрофесионално однесување.

“Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување.Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување” – соопшти Владата

„Простете им не знаат што прават“ – порача Пауновски, откако попладнево ја слушна одлуката за неговото разрешување.

Во изјава за „Телма“ кажа и дека му е мило што премиерот ги примил неговите колеги-инспектори и ги слушнал аргументите зошто сите 35- рамковвни вработени не можел да ги смести по канцеларии.

Сите одлуки беа став на цел колегиум и криво ми е дека тоа е пренесено како мое инаетење-кажа Пауновски

„Ова за мене беше очекувано. Можам само во духот на празниците да порачам „простете им не знаат што прават“. Криво ми е само што меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт. Ако имало конфликт бил со шефот на кабинет на Груби, околу распределбата на рамковните вработени – изјави Пауновски за „Телма“.

Иако денововиве Заев беше категоричен дека лично тој ќе бара негова смена денеска топката ја префрли на министрите во  Владата.

Утринава, по средбата со пазарните инспектори кои со петиција застанаа во одбрана на директорот, кажа дека допрва ќе оформува мислење.

На владата ќе го презентира ставот на инспекторите, на Пауновски со кој сепак се слушнал во петокот и неговиот.

А Владата ќе го каже последниот збор.  Кажа дека има плејада опции и во регулативата и во етичкиот кодекс и за негово разрешување, но и за останување.

Тврдеше дека ДУИ никогаш не барале Пауновски да биде сменет. Кажа и дека каква и да биде одлуката за Пауновски, соработката со него ќе продолжи.

Не одговоривте вие дали ќе предложите разрешување?

Ке го кажам тоа на Влада. Искрено сакам на враќање од овде да ги процитам во детали материјалите кои инспекторите ми ги оставија непосредно рпед да дојдам овде. Тие усно ги образложија. Јас ги разбирам тоа што го кажаа но оставија значајни материјали кои што сакам да ги прочитам. Вредно е заради тоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот. Секако владата одлучува за тоа. Јас сум прв меѓу еднаквите во владата како претседател на владата и знаете вчера имав став и го кажав јавно, денеска не дека се колебам, но не би било чесно кон овие луѓе што ги примив- изјави Заев.

Пауновски се враќа на работното место во Управата за јавни приходи во Тетово.

Неговиот тврд став дека и по цена да биде разрешен нема да стави потпис на 35-те рамковни вработувања за лица кои немаат квалификации да работат таму го направи херој во јавноста.

Во негова одбрана застана и функционери и правни експерти. Тврдеа дека нема законснки основ за негово разрешување, а етичкиот кодекс на кој се повикува Владата не може да биде над законот.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

И мавровските мечки ја спасуваат фотељата во ЦУК, смета Стојанче Ангелов кој “прелета” во старо-новото политичко јато и најави дека со музика и фрлање камен ќе замине од функцијата

Дејан Дејан

Има уапсени за убиството на лекарот во Железара, се проверува и мотивот за злосторствата

Дејан Дејан

Гир: Ја сакаме Северна Македонија во ЕУ, патот е практичен и остварлив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе