Македонија

Што покажува фејсбук профилот на Љупчо Николовски кој последен пат во јавноста се појави во средата

Честитка за Прочка и за денот на единицата Тигар, радост за ракометната победа врз Данска, но и две објави од неговите работни вицепремиерски обврски како владин анитикорупционер, онаа за откриениот путер со истечен рок од Агенцијата за храна и за два затворени угостителски објекти поради непочитување на корона мерките. Ова го покажува фејсбук профилот на вицепремиерот Љупчо Николовски во периодот од средата кога последен пат се појави во јавноста, кога антикорупциска конечно доби нови простории.

Премиерот Заев рече дека вчера Николовски се појавил на работа, а користел три дена стар годишен одмор. Тоа значи дека требало да биде слободен од петокот до денес рано наутро, а во време на викендот од некаде праќал службени објави меѓу кои и онаа од шеги и јавни критики масакрираната објава за опасниот путер.

Опозицијата тврди дека тој бил во Дубаи, во Емирати, а на своите прес конференции покрај Рашковски со мексиканско сомбреро, фото-монтажата за Николовски е со арапски турбан.

Денешната прва фејсбук објава на Николовски е за разрешениот директор на струшката болница за што тврди дека значи: Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните. Првата после тридневниот корона одмор е од подготовките за конгресот на СДСМ, од синоќа.

Доколку бил во Дубаи, според сознанијата на Телма, не патувал од скопскиот аеродром.

На прашањата до него дали бил во Дубаи, каде има бесплатна вакцинација за високо профилирани туристи, дали ако бил можеби таму се вакцинирал или пак преговарал за набавки на вакцини, од неговиот кабинет ни одговорија за одморот кој бил приватно итен, без детали за дестинацијата.

ОДГОВОР ОД КАБИНЕТОТ НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: Заменикот на Председателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, согласно Законот за работни односи, од приватни причини, користеше  слободни денови од одмор од 2020 година, во времетрање од три дена, поточно од 15.03 до 17.03.2021 година. Од вчера (среда) ЗПВ Николовски е вратен на своите работни обврски. ЗПВ Николовски како што веќе беше објавено пред три месеци, го има прележано коронавирусот, нема примено вакцина и ќе се вакцинира во земјава согласно планот за имунизација на здравствените власти.

На друга страна од светот е премиерскиот советник Рашковски, кој како поранешен генерален секретар на владата потпишал набавка на лично негов патентиран софтвер за безбедносни-сообраќајни камери. Додека го истражува антикорупциска, тој е на семејно роденденско патување во Мексико за кое вели дека не е многу скапо како што викаат од опозицијата и дека билопланирано многу одамна.

На неговиот ФБ профил нема слики од плажи и маријачи, а последната објава е поврзан со патентираната идеја за софтверот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе