Вести Македонија

Брутално претепан граѓанин во Струмица, снимено вознемирувачко видео

Група од неколку луѓе во центарот на Струмица брутално претепуваат еден граѓанин, се гледа на снимката која е објавена на ФБ страница СтрумицаОнлине.

На снимката од 50-тина секунди, група насилници облечени во црно среде бел ден бркаат маж. Кога го стигнуваат почнуваат да го клоцаат и дивјачки да го удираат по телото и по главата. Меѓу напаѓачите има и „вооружени“ со палки и стапови.

Насилниците во црно почнуваат да бркаат друг маж и по дваесетина чекори го стигаат и го напаѓаат, а тој дел од нападот не е снимен бидејќи се случува зад автомобил.

Двајца насилни од групата остануваат со првата жртва и го напаѓаат и продолжуваат со бруталниот напад. Највонезмирувачкиот дел од снимката е кога еден напаѓач доаѓа до легнатата жртва, му ја крева главата и директно го удира во главата додека беспомошниот маж бара помош и лелека.

Снимката е вознемирувачка поради што нема да ја објавиме. На снимката е забележливо дека десетина граѓани меѓу кои и мали деца се во близина на местото на инцидентот и го набљудуваат бруталниот напад.

Од СВР Струмица велат дека граѓанин го пријавил инцидентот во 12 часот и се работи на случајот.

-Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство Струмица презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, одговорија од струмичката полиција. 

Нема информации ниту за бруталните напаѓачи ниту за здравствената состојба на брутално претепаните.

Според информации на Телма, на бруталниот физички напад му претходел инцидент во казино каде нападнатиот откако изгубил пари оштетил опрема во автомат-клубот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе