Вести Македонија

Мајката на малото дете што загина во пожар го врзувала со ланец и катанец

36-годишната мајка, чие дете на возраст од 7 години, загина во вчерашниот пожар во Гостивар, е осомничена за груба повреда на семејните обврски заради која настапила смрт на нејзиното дете. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. За наведеното кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот“. 

За другите три малолетни деца обезбедено е сместување во соработка со СОС Детско село и тие се во добра психо-физичка состојба, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од Центарот за социјална работа – Гостивар велат дека досега немало пријави за злоупотреба.

Од Центарот за социјални работи во Ресен истакнаа дека жената во октомври 2018 година дала исказ кај нив дека ќе се пресели во Гостивар, а до тогаш и во овој Центар немало пријави за ова семејство.

Соседите, пак, во зградата на улицата „Кеј Вардар“ велат дека не ги познаваат членовите. Раскажуваат за страотниот пожар кој се случи вчераутро.

Денес заврши и увидот на специјалната екипа на МВР заедно јавниот обвинител, кој треба да покаже која била причината за избувнувањето на пожарот.

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе