Вести Македонија Најважни

До понеделник нема нови рестрикции, Заев најави 33.600 вакцини до 31 март

Нема нови рестриктивни мерки против новиот новиот бран од пандемијата со корона вирусот, барем до понеделник. Комисијата за заразни болести ќе чека да види како ќе се движат бројките и на новозаболени и на хоспитализирани до крајот на оваа недела, но и по што ќе се носи одлука дали полицискиот час од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе биде засилен со нова рестрикција.

Согласно бројките кои што ќе бидат во идните три – четири дена министерот ќе биде известен во понеделник наутро или доколку нешто се случи спектакуларно во делот на зголемување на бројки, сигурно ќе го известиме и порано“, рече  д-р. Жарко Караџовски, Комисија за заразни болести

– Што би можеле да очекуваме како мерки?

Не би можел сега да ви кажам. Ви реков, бројките кажуваат се за актуелната состојба. Ја во глава имам сценарио А, Б, Ц, Д, меѓутоа во моментот не е таква состојбата затоа што во периодот на ноември имаше 1.450 случаи. Така да не е иста состојбата тогаш и сега“, вели Караџовски.

Во меѓувреме болниците се полнат. Ако пред само една недела бројот на хорпитализиранои беше 567, денеска таа бројка е 1.100. Најголем е притисок врз скопските болници каде се бара место плус, но министерот за здравство Венмо Филипче тврди дека нема враќање на пациенти кои се за хоспитализирање.

Сите интерни клиники, онака како што беа претходно, сега се ковид центри. Тука има еден одреден број на слободни кревети, нешто помал од оној што беше во текот на кризата во месец ноември и затоа во функција е и едно одделение на хируршките клиники“, информира Филипче.

Освен што се чека нова одлука од Комисијата за заразни болести во земјава се чекаат и вакцините против Ковид -19, кои за разлика од одлуката на Комисијата извесно е дека нема да стигнат в понеделник. Вакцините од Ковакс механизмот добија нов термин за достава, крајот на месецот или почетокот на идниот, но Филипче вели дека и тоа може да се пролонгира, додека за кинеските, руските и Фајзер вакцините се уште се преговара.

Еве да кажам дека имаме начелни информации дека вакцините од Кина и еден дел од Фајзер можат да стигнат до крајот на месецот. Но повторно не би сакал ова да го кажам со сигурност, ќе излеземе во јавност и ќе потврдиме тогаш кога ќе знаеме дека навистина се тргнати кон нашата земја“, објансува Филипче.

За разлика од Филипче, од премиерот Зоран Заев денеска стигна пооптимистична најава кога ќе стигнат вакцините.

Тоа што можам да го објавам е дека до крајот на март очекуваме од КОВАКС механизмот да стигнат 33.600, до 15 април 67.200 вакцини“, најави Заев.

И додека Заев е оптимист дека и други вакцини Фајзер и на Синофарм можат да стигнат до крајот на месецов, во земјава продолжува вакцинацијата на медицинскиот персонал со 11.000 вакцини со кои располага земјава, а која бројка на вакцинирани до денеска е 5.300 лица.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе