Вести Македонија Најважни

Седумгодишното детенце кое утринава се задуши во пожар било врзано со ланец

7-годишното дете кое го загуби животот, како последица од задушување во пожар кој се случи утрово во стан во Гостивар, било врзано со ланец на нозете, покажуваат првичните сознанија на лекарскиот тим. Според исказот на семејството, тоа го направиле поради неговата агресивност, велат во соопштение од Основното јавно обзинителство. Неговата 35-годишна мајка со повреди и во шок била пренесена во гостиварската болница, од каде по пружената лекарска помош била пуштена.

Ќе се проверува евентуална кривична одговорност, а причините за пожарот ќе се знаат по вештачењето на специјална екипа на МВР.

По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар. Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.         

По пријавата, 10 пожарникари со две возила веднаш излегле на терен, а пожарот го локализирале за околу еден час. Станот бил целосно зафатен од огнените јазици. Тие од станот го извадиле безживотно тело на детето.

Пожарот избувнал околу 8 часот во една од просториите во станот, каде под кирија живееле две женски лица со неколку деца. Огнот се разбеснил и брзо се проширил и во другите соби, поради тоа што имало многу лесно запаливи материјали, како ќебиња и постелнина. Надлежните информираат дека е издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе